Search

Нов шок во Хаг! Во ќелијата на Праљак пронајден мистериозен коверт

Слободан Праљак оставил, освен писмото за семејството, и писмо за својата адвокатка Ника Пинтер. Писмото било пронајдено при прегледот на ќелијата на Праљак.

Ден по самоубиството, на адвокатката и се јавил судијата кој ја спроведува истрагата за самоубиството на Слободан Праљак, и и рекол дека при прегледот на ќелијата на воениот злосторник било пронајдено и писмо за неа. 

“Во неговата соба сме, меѓу останатите работи, пронајдовме и коверт на кој пишува – Ника. Тоа е писмо за вас”, го прераскажала Ника Пинтер разговорот со судијата за Jutarnji List.

Ника Пинтер го застапувала Праљак од моментот кога се предал на Хашкиот суд и сите тие години, класичниот однос адвокат – клиент се изгубил, па станале домашни пријатели.

Пред да ја слушне пресудата, тој и рекол:

“Биди и натаму цврста и зборувај како што зборуваш. Насочи ги на Архимедовиот закон”.

Содржината на писмото кое го оставил за својата адвокатка не е позната, станува збор за документ кој моментално е предмет на истрага за самоубиство, но Ника Пинтер ќе го добие по завршувањето на истрагата.

Неговата адвокатка вели дека бил човек кој не ги оставал работите недовршени, па очигледно испланирал се до детаљ и за своето самоубиство.

Треба да знаете
Последни објави