Search

Никола Попоски поднел оставка од сите партиски тела на ВМРО-ДПМНЕ

Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ поднел оставка од ова партиско тело но и од сите други органи на партијата. Оставката ја депонирал уште пред три недели, дознаваме неофицијално од партиски извори.

Никола Поповски, кој пред извесно време беше еден од споменуваните можни кандидати за лидер на ВМРО – ДПМНЕ, како што дознаваме, неизвесно е дали ќе влезе во битката за претседател.

Попоски не беше потписник на писмото потпишано од 30 партиски функционери и пратеници на ВМРО – ДПМНЕ во кое тие бараат одложување на конгресот закажан за викендов во Валандово и фер плеј во организацијата на следен конгрес на кој би одлучувале 5.000 делегати.  

Треба да знаете
Последни објави