Search

Навивачи на „Шкупи“ истепале полицајци и кошаркари на „Пелистер“

Навивачи на „Шкупи“ истепале полицајци и кошаркари на „Пелистер“

Навивачи на кошаркарскиот клуб Шкупи, вчеравечер во салата „Шабан Трстена“ во скопската населба Чаир повредилеи двајца полицајци, еден кошаркар и технички раководител на клуб, а удирале и други играчи.

Скопската полиција вели дека инцидентот почнал во 19.20 часот, по завршување на натпреварот помеѓу кошаркарскиот клуб „Шкупи“ и кошаркарскиот клуб „Пелистер“. Од трибината каде што била навивачката група на „Шкупи“ била фрлена една петарда на клупата каде што седеле кошаркарите на „Пелистер“. Тие потоа возвратиле со фрлање пластично шише полно со вода кон навивачите.

Потоа навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“ ја прескокнале оградата од трибината и нападнале неколку кошаркари на „Пелистер“, при што со повреди се здобиле техничкиот раководител на клубот и еден од играчите, како и двајца униформирани полицајци.

За случајот веднаш бил известен и јавен обвинител, а полицијата работи на расчистување на случајот. 

 

 

Треба да знаете
Последни објави