Search

Наставник по историја му искршил заб на ученик


Наставник по историја му искршил заб на ученик

Наставник по историја во Основното училиште Луиѓ Гуракуќи во Желино за време на час му скршил заб на 15 годишен ученик. Полицискиот билтен регистрираше и насилно грабнување на 18 годишна девојка.

Споредпријавеното во СВР Тетово, 56 годишниот наставник по историја беа повод и причина вчера околу 11 часот го нападнал 15 годишниот ученик. Тој со шлаканица го удрил по задниот дел од главата, од што тој удрил во клупата и му се скршил еден од предните заби.

Нешто подоцна, повредениот малолетник се обратил за лекарска помош во тетовската клиничка болница, а потоа го пријавил случајот.

Се работи на целосно расчистување на сите поединости во врска со овој случај.

Полицискиот билтен бележи грабнуавње на 18 годишна девојка.

Во полициската станица Тетово 39 годишна од Скопје со привремен престој во Тетово, пријавила дека вчера околу 19 часот кај неа дома дошол 38 годишник од Тетово и насилно ја зел нејзината ќерка на возраст од 18 години. Таа се обидела да го спречи во намерата, но тој ја удрил два пати по главата, ја внел во неговото возило и ја однесол кај него дома.

По преземени мерки грабнувачот и девојката биле пронајдени и однесени во СВР Тетово. За настанот е запознаен Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави