December 11, 2018 17:05
Останато

Надал го потврди настапот на Мастерсот во Лондон

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал потврди дека ќе настапи на завршниот Мастерс во Лондон. Неизвесноста околу неговото играње беше откако претходната недела поради болки во коленото го предаде мечот од четвртфиналето на Мастерсот во Париз против Филип Крајиновиќ.

– Дојдов во Лондон да се надигрувам, сакам победи и да го кренам победничкиот пехар. Тоа е единствениот трофеј, кој го немам освоено. Сакам да играм во финалето, а желба ми е противник да ми биде Рожер Федерер, изјави најдобриот светски играч Надал.

Надал на завршниот Мастерс се наоѓа во групата „Пит Сампрас“, а ривали ќе му бидат: Доминик Тием, Григор Димитров и Давид Гофан.

Related posts

(Видео) По победата на Хабиб во УФЦ борбата, настана тотален хаос

24news

Серена Вилијамс: Не е лесно да се биде „црн” во тенисот

24news

Ѓоковиќ: Не ми пречи да ме тестираат повеќепати годишно

24news