Search

На скопјанец му го украле автомобилот, па си го „најде“ во Вардар

На скопјанец му го украле автомобилот, па си го „најде“ во Вардар

Автомобил марка „фолксфаген голф“ бил забележан вчера во водите на реката Вардар, во правец на последна автобуска постојка на линијата „5“ кај паркот Лисиче. Полицијата по увидот констатирала дека автомобилот истиот ден бил пријавен за украден.

Случајот во Единицата за информации и команда Скопје бил пријавен вчера во 13:30 часот.

„Полициски службеници од полициската станица Гази Баба утврдиле дека се работи за патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Н. (54), кое било пријавено за одземено од пред неговиот дом на улицата Бриселска на 29.01.2018 година во полициската станица Карпош“, се наведува во соопштението од МВР.

Екипа од Бригадата за противпожарна заштита го извадила возилото од водите на Вардар 

 

Треба да знаете
Последни објави