Search

На продажба хитлеровиот портрет од љубовницата

Портрет на една млада жена насликан од поранешниот нацистички лидер, Адолф Хитлер следната недела ќе биде ставен на аукција по почетна цена од 60.000 евра, објави германската аукциска куќа „Видлер“.

Маслото на платно со димензии 63 х 48 сантиметри со потпис на Хитлер ја прикажува Шарлот Лобжоје, Французинка со која ја запознал во Франција за време на Првата светска војна и со која се претпоставува дека бил во љубовна врска.

 

Сликата ја купиле неименувани фламански индустријалци во 1967 година. На сликата е млада девојка со црвена шамија на главата која и прави сенка врз лицето и со кошула од нежни бои со длабоко деколте што ги открива дел од нејзините гради, се вели во соопштението.

Од „Видлер“ велат дека се претпоставува оти Хитлер насликал 2.000 слики во 1914 година, кога тој се борел да заработи за живот како уметник.

 

Истата аукциска куќа во 2014 година за 130.000 евра продаде акварел на Хитлер, наречен „Стара минхенска градска куќа“, а други негови дела во збирки или поединечно биле продаван за суми од 5.000 до 80.000 евра.

 

Треба да знаете
Последни објави