Search

Му ги скршиле пршлените од ќотек и побегнале

Му ги скршиле пршлените од ќотек и побегнале

Тројца штипјани го претепале 40-годишниот С.Т. додека работел, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, вчера околу 16.00 часот додека С.Т.(40) од село Јонузлија, општина Карбинци работел на трло во атар на село .Радање, општина Карбинци, со патничко моторно возило “Голф” пристигнале М.И.(30), С.И.(33) и Ф.Т.(32) сите од село Кучица, и истите започнале да викаат на висок тон и да го предизвикуваат С.Т. на расправија. Трите лица физички го нападнале С.Т. при што му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на три пршлени и го напуштиле местото на настанот.

На оштетениот укажана му е лекарска помош во Клиничка болница-Штип каде е задржан на понатамошно лекување. Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави