Search

Мотоциклист прегази пешак во скопска Кисела Вода

Мотоциклист прегази пешак во скопска Кисела Вода

Несреќа се случи предмалку во скопската населба Кисела Вода. Мотоциклист предмалку удри пешак на паркинг на улицата Огњан Прица бр. 1 во населбата Кисела Вода. Од силниот удар пешакот летнал во воздух и паднал во несвест. Според очевидци на настанот, пешакот е во животна опасност, но веднаш на местото на настанот пристигнала екипа на брзата помош, пишува Нова Македонија 

Тешко повредениот пешак и полесно повредениот мотоциклист во моментов се пренесуваат во скопската градска болница. На местото на несреќата се чека да пристигне полицијата и да изврши увид.

Треба да знаете
Последни објави