Search

Маж се уби по долгочасовна опсада на полицијата во семејна куќа во главниот хрватски град

Од раните утрински часови траеше полициска опсада на семејна куќа во Загреб, каде еден маж се закануваше дека ќе се убие, а полицајците не успеаја да го одвратат од намерата. На крај, тој се уби, јави Indeks.

Полицајци со оружје од рано утрото беа околу куќата, ја блокираа улицата и се обидоа да преговараат со него и да го одвратат од намерата за самоубиство.

Преговарачите не успеаја да го натераат да се предаде.

Опсадата траеше со часови, а како што се дознава неофицијално, тој сепак извршил самоубиство. Загрепската полиција најави детали подоцна во текот на денот.

Треба да знаете
Последни објави