Search

Македонскиот игран филм „Сестра“ на Дина Дума доби поддршка од ЈИЕ Синема Нетворк

Долгометражниот македонски игран филм „Сестра“, во режија на Дина Дума, доби финансиска поддршка од ЈИЕ Синема Нетворк (SEE Cinema Network). Проектот е поднесен од продуцентската куќа „Лист Продукција“ и беше едногласно изгласан со највисоки оценки од страна на претставниците на земјите членки.

Одлуката е донесена на 28. Генерално собрание на Меѓународната филмска мрежа на Југоисточна Европа (SEE Cinema Network), на кое беа разгледувани пријавените филмски проекти кои оваа година аплицираа за финансиска поддршка за развој на долгометражен игран филм и поддршка за краткометражни филмови.

Генералното собрание се одржа на 08 и 09 ноември во Солун, Грција, и на истото присуствуваа претставници од земјите членки на Меѓународната филмска мрежа на Југоисточна Европа (SEE Cinema Network) од Албанија, Кипар, Грција, Романија и Србија, меѓу кои и в.д. директорот на Агенцијата за филм на Република Македонија, г. Горјан Тозија.

Покрај останатото, на состанокот беше одлучено да се одобри барањето за членство во SEE Cinema Network на Филмскиот центар од Црна Гора и Центарот за кинематографија од Косово, известија од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави