Search

„Кралот Џејмс” троши еден куп пари за неговото тело: Погледнете ја сумата од која ќе ве заболи глава

Леброн Џејмс попознат во јавноста како „Кралот Џејмс” ја потресе јавноста со информацијата која ја пласираше неговиот деловен партнер околу вложувањето во неговото тело.

Според Маверик Картер, деловниот партнер на Џејмс, за кошаркарот да остане во одлична форма трошел неверојатно висока сума во износ од 1,5 милиони долари годишно.

Картер изјави дека сумата вклучува терапии, протеински диети, додатна исхрана, тренинзи и други додатни активности. Во оваа сума влегува и популарната криотерапија и хипербарична комора која му го подмладува телото и му дава дополнително кислородот на кожните клетки.

Сепак, на крај, се тоа што го прави се исплати од едноставна причина што Џејмс е најскапиот играч во НБА лигата и еден од најдобрите поентери во историијата на најсилната кошаркарска лига.

Треба да знаете
Последни објави