Search

Конституиран највисокиот партиски орган – Национален комитет на ГДУ

Конституиран највисокиот партиски орган – Национален комитет на ГДУ

Денеска, 39 делегати на Граѓанско демократската унија го конституираа својот највисок партиски орган, Националниот комитет (НК на ГДУ), согласно патискиот Статут. За негов претседавач е избран Ѓорѓи Трендафилов.

Првата работна обврска на НК на ГДУ беше изборот на членови на Управувачкиот комитет, (УК) потпретседатели и секретар. На предлог на претседателот на ГДУ, Петар Колев, за потпретседатели на партијата беа избрани д-р. Енсер Јусуфовски и Александар Попоски. Должноста секретар на ГДУ ќе ја извршува Димо Петкоски.
Управувачкиот Комитет на ГДУ има 13 членови.

– Се радувам што мнозина со кои се запознавме во овие три месеци, денеска сте дел од партиската структура и имате желба и волја да вложите дел од вашето време и искуство во ГДУ. Можеби некому тој период му изгледа краток, но, барем мене ме исполнува со доза на задоволство затоа што иако мнозина од нас не се познававме меѓусебе, сепак се обединивме околу една идеја, околу принципи кои се темелите и на нашата партија и на нашето меѓусебно пријателство. Ви посакувам успех во обврските кои денеска сите ние ги преземаме, како од организациска природа, така и од политичка. Во тоа сум целосно уверен – истакна претседателот на партијата, Петар Колев, честитајки им го изборот за членови на НК на ГДУ и УК.

Инаку, НК на ГДУ денеска донесе неколку решенија од технички карактер, одлуки за избор на постојаните работни тела на партијата, правилници и слично, а како поинтересна ја издвојуваѓ одлуката за изработка на Правилник за фер пристап до партиските ресурси на евентуалните партиски фракции и Правилникот за внатрепартиските избори.

Треба да знаете
Последни објави