Search

Кои се најбогати луѓе во регионот: Имаат милијарди, а еве и како ги заработиле

Американскиот магазин Форбс редовно објавува листа најбогати луѓе на светот, а врз основа на нивните податоци босанските медиуми објавија листа најбогати луѓе од регионот. Во листата се најде и еден Македонец, кој сите го познаваме, или пак сме слушнале за него.

Се најдоа и граѓани од балканските земји кои не престојуваат во своите татковини, но и граѓани од други земји кои на Балканот нашле дом.

Еве кој се најде на листата:

Србија-Филип Цептер: 5 милијарди

 

Милан Јанковиќ, попознат како Филип Цептер, завршил Економски факултет во Белград и после тоа отишол во Виена, каде останал цел живот и изградил империја. Во 1986 основа сопствена фирма под името Цептер која денес работи во 40 земји. Неговото богатство е проценто на 5 милијарди. Сега живее во Монако.

Црна Гора – Таксин Шинаватра: 1,78 милијарди

 

Поранешен тајландски премиер сега живее и работи во Црна Гора , а е тежок 1,78 милијарди долари. Беше премиер на Тајланд од 2001 до 2006 , кога во таа земја се одигра пуч кој го исфрли од власт. Обвинуван беше за корпуција, а едно време имаше и дел во акциите на фудбалскиот клуб Манчестер сити. Се збогатил благодарение на својата Шин корпорација за телекомуникација. Продолжил да ужива во лускузен живот во Црна Гора.

БиХ – Кенан и Дамир Хастор: 412 милиони

 

Браќата Хастор ја наследиле компаниите Prevent и ASA Group од својот татко, кои се занима ваат со разни дејности, а тие им донеле богатство од 412 милиони. Тие се далеку од очите на јавноста и за Балканот се непознати. Ги нема во вестите на локалниот џет сет, политички се невидливи, и засега немаат никаква желба да се експонираат медиумски. Тие живеат во Германија каде ја преземале менаџерската позиција на бизнисот.

Хрватска – семејство Лукшиќ: 15 милијарди

 

 

Дури и 15 милијарди долари го сочинуваат семејството Лукшиќ меѓу најбогатите Хрвати. Веќе на почетокот на 20 век, Поликарп Лукшиќ емигрирал во Чиле каде што се оженил со Боливијка и го добил својот син Андре. Токму тој ги покренал бизнисите што му донеле милиони на семејството. Тој се занимавал со разни индустрии и инвестираше во сè, најмногу во Европа, а потоа во Чиле.Заработил големо богатство. Денес ова семејство има многу луксузни хотели на хрватското крајбрежје.

Македонија – Јоран Камчев: 238 милиони

 

 

Сопственикот на “Орка Холдинг” е најбогат човек во Македонија со 238 милиони долари според листата на Форбс. Камчев ја наследил од неговиот татко текстилната компанија, која всушност била приватизирана од поранешна државна спортска компанија. Во Македонија тоа се смета за “плејбој”, бидејќи двапати се женел и разведувал. Поради затајување на данок против него е водена и истрага, но тој тогаш избегал од земјата, пишуваат медиуми од регионот за него. После тоа е уапсен и поминал 12 часа во затвор пред да излезе со кауција.

Словенија – Иза и Само Логин: 700 милиони

 

 

Моќната словенечка двојка стекнала огромно богатство од нула – благодарение на апликацијата Talking Tom Cat. Кога една мачка раскажува приказни, повторува реченици, хумористично реагира на допир, мие заби и на различни начини 7 го забавува корисникот, лансирана во јули 2010 година, стана многу брзо светски хит и им донесе милиони. Тие успешно работат во неколку земји, го проширија својот бизнис и потпишаа договор со “Дизни”.

Треба да знаете
Последни објави