Search

Кобра бил на викенд од затворот во Идризово и го убил Мартин

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска соопшти дека 25-годишниот Ф. С. е осомничен за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев кое се случило на 3 ноември на улицата Владимир Комаров во скопската населба Аеродром.

Ф.С., викан Кобра бил на издржување на шестгодишна казна затвор за трговија и поседување дрога. Викендот кога беше извршено убиството Ф.С. бил пуштен на слободен викенд, но не се вратил в затвор.

Казната на Ф.С. му истекувала во јуни 2018 година.

Две недели ѝ требаа на полицијата да го соопшти идентитетот на убиецот за кого по социјалните мрежи поединци уште вечерта по убиството отворено го кажаа идентитетот на убиецот, познато лице од скопското подземје.

Против Ф.С. има докази за кривична пријава, велат од МВР.

Според полицијата, на 3 ноември Ф.С. дошол пред зградата на поранешниот фудбалер Мартин Јанушев и со пет истрели го усмртил на плочникот, бегајќи во непознат правец. Дали убиецот имал помагачи, и дали ликвидацијата е нарачка, како што се говори во јавноста, Спасовски денеска не кажа ништо.

 

Треба да знаете
Последни објави