Search

Касами реизбран за лидер на БЕСА: Ако има понуда, ќе влеземе во Влада

Касами реизбран за лидер на БЕСА: Ако има понуда, ќе влеземе во Влада

На денешниот конгрес Биљал Касами повторно е избран за претседател на Движењето Беса. Од вкупно поканети 505 делегати, присутни беа 481 додека Касами беше единствениот кандидат. Пред изборот, Движењето Беса ја изгласа и измената на статутот на партијата, додека помеѓу новите измени кои беа изгласани е и можноста лидерот на партијата да има право да се кандидира за повеќе од 2 мандати. Откако беше избран, Касами рече дека Беса ќе продолжи да ја игра својата конструктивна улога како опозициска партија, а во однос на пратеничката партија, тој рече дека 5 пратеници се унифицирани додека за нивната поделба, додаде дека секој пратеник има право да избира кого ќе преставува во Собранието.

На Конгресот на Движењето Беса од петте пратеници на оваа партија, присутни беа само Фадил Зендели и Теута Билали.

Меѓу присутните имаше гости и од други земји. Имаше претставници и од Републиканската партија на Албанија, претставници од исламската заедница како и претставници од неколку амбасади. Од партиите во земјата, присутни беа само претставници од Алијансата за Албанците. Секретарот на оваа партија, Арбен Таравари, рече дека бил присутен и на конгресот на 18 февруари, каде за претседател беше избран Африм Гаши.

Проблемите во Беса започнаа на 6 јануари, кога беше најавено разрешувањето на претседателот на партијата Биљал Касами. По тоа, следуваше и кршење на седиштето и проблемите околу седиштето на партијата. Во врска со ова судот пресуди во позла на Касами, додека како последица на тоа, страната на Гаши почна со објавувањето на документи, според кои се претендира дека Касами на нелегален начин ја злоупотребувал функцијата на претседател и ги сменил раководствата на општинските единици.

Треба да знаете
Последни објави