Search

Италијанските медиуми тврдат: Милан тргнува по Един Џеко

Италијанскиот „Tuttosport“ ја пренесува веста дека Милан во текот на летниот трансфер период ќе се обиде да го доведе капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина и напаѓачот на Рома, Един Џеко, бидејќи овој клуб сака да има расен голгетер во своите редови.

Милан е заинтересиран и за доведување на Марко Ројс од Борусија Дортмунд, но тој трансфер е се уште само сон за „Росонерите“.

Покрај тоа, тие бараат засилување и во врвот на нападот, a прв кандидат е токму Един Џеко. На Милан му треба напаѓач кој во Серија А сигурно ќе постигнува од 15 до 20 голови по сезона, а решението го гледаат токму во дијамантот на Босна.

Моментално Един е сериозен кандидат, посебно ако се земе во фактот дека Патрик Кутроне, Никола Калиниќ и Андре Силва заедно имаат постигнато само девет погодоци.

 

Истиот извор пренесува дека Рома мора да продаде еден важен фудбалер, а Милан со продажба на Калиниќ за 25 милиони евра, кој е прв кандидат за  заминување од клубот, би ги добил потребните средства за купување на Џеко и неговата плата од 4.5 милиони евра по сезона.

Џеко би можел да заработува и повеќе, бидејќи Бонучи има плата годишна плата од 8 милиони, додека Донарума заработува годишно 6 милиони евра.

Џеко минатиот месец се поврзуваше со трансфер во Челзи, но остана во Рим. Оваа сезона во 32 натпревари за „Волчицата“ тој постигна 14 погодоци.

Треба да знаете
Последни објави