Search

Испразнети сефови во Шпаркасе банка

По денешната информација на МВР дека петмина граѓани пријавиле дека им недостасуваат пари и предмети кои ги  чувале во сефови на „Шпаркасе банка“, се огласи и Банката, која соопштува дека се спроведува истрага за случајот.

Шпаркасе Банка Македонија заедно во соработка со Министерството за внатрешни работи,  согласно законските прописи спроведува истражна постапка во однос на изолираните пријавени инциденти во сефовското работење.

Шпаркасе Банка Македонија продолжува регуларно да ги извршува активностите во доменот на сефовското работење согласно поставените интерни процедури и законските прописи.

Банката ги преземa сите мерки за да ги заштити интересите на клиентите и да ги опслужува со висока професионалност”, соопштува Шпаркасе.

Треба да знаете
Последни објави