Search

И Австралија протерува руски дипломати, Москва го обвинува НАТО

После САД, Канада и повеќе од половина европски земји, руски дипломати поради труењето на рускиот шпион ќе протера и Австралија. Од Москва пристигнуваат нови реакции.

 

Последната земја која одлучи, од солидарност кон Велика Британија, во која земја е и отруен двојниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, да протера руски дипломати од Австралија.

Оваа земја утрово најави протерување на двајца руски дипломати.

Австралискиот премиер Малколм Тернбул изјави дека се во прашање „непријавени агенти“ и дека имаат седум дена а ја напуштат Австралија.

 За потсетување, 20 земји, меѓу кои и САД, го следеа примерот на Лондон и протеруваа руски дипломати. Амбасадорот на Русија при Обединетите нации Василиј Небенз, одлуката на САД да протера 12 членови на руските дипломатски мисии при ОН,  ја опиша како „непријателски чекор“.

„Тоа е многу погрешен и непријателски чекор. Известени сме дека 12 наши членови на персоналот треба да ги напуштат САД“, изјави тој.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова ги осуди таквите дипломатски потези. Таа изјави дека зад акциите на ЕУ стои НАТО, кој се користи со политика за казнување и сака да и наштети на Русија.

„НАТО стои зад Европската Унија. ЕУ е атрактивно политичко тело со моќен Северноатлантски сојуз зад себе“, изјави Захарова.

Таа зборувајќи за руските медиуми нагласи дека САД и Обединетото кралство стојат зад провокациите во Салсбури и дека голем број на протерани руски дипломати од западните земји не оставаат никакви сомненија околу тоа.

„Да не беа овие бројки денеска, ќе можеше да се нагаѓа околу причините за овој ѓаволски настап кој го изведе Обединетото кралство, или за реалните бенефити од целата оваа ситуација која се случи на територијата на Британија“, изјави Захарова.

Треба да знаете
Последни објави