Search

Граѓаните ќе ги плаќаат кафеаните на Министрите

Министерот за финансии Драган Тевдовски вчера изјави дека Владата планира да го зголеми данокот на доход од досегашните 10% на 18%  за сите граѓани кои имаат месечни приходи над 1000 евра. Тевдовски најави  дека процесот ќе отпочне во април.

Од друга страна, неговиот колега од Владата, вицепремиерот и експертите предупредуваат дека покачувањето на стапката на данокот на доход ќе влијае негативно врз  бизнис климата во државата и ќе ја намали атрактивноста на земјата за инвестирање. Дополнително кај поголемите даноци секогаш постои опасност за зголемена даночна евазија, односно појава на голем број на субјект, кои ќе се решат наместо да платат данок да не ги пријават своите примања и  со тоа  државата губи значаен дел од своите приходи. 

Изминатиот период Владата на Република Македонија промовираше алатка за отченост која мери колку министрите потрошиле средства за репрезентација и исхрана. Според податоците во алатката Министерот Бектеши, за шест месеци, минатата година направил сметка од 14 илјaди евра само за угостителски услуги во земјата и странство.  Следен на листата вицепремиерот Бујар Османи, кој за истата намена потрошил близу 13 илјади евра, а трет е министерот за правда кој веќе си поднесе оставка – Билај Салиу со 12 илјади евра. Министерот Алаѓозовски за истата намена потрошил нешо помалку од 9 илјади евра, додека пак Љупчо Николовски нешто повеќе од 7 илјади евра.

Најмалку пари, или по само околу 500 евра потрошиле министрите Оливер Спасовки и Горан Сугаревски. Додека пак министерот за надворешни, Димитров, кој изминатиот  период е постојано на патување поради преговорите за шест месеци за угостителски трошоци потрошил само 2,500 евра. Сепак, неговите трошоци значително се зголемуваат ако во пресметката се вклучат и авионски карти, дневници за патување и вип салони на аеродроми.

Сега се поставува прашањето дали зголемувањето на данокот на доход треба да го покрие недомаќинското работење и луксузирање на дел од министрите во Владата на Република Македонија? Дали товарот за ова ќе падне токму на граѓаните?

Треба да знаете
Последни објави