Search

Гостите на кралската свадба ќе бидат третирани како потенцијални терористи

Кога повеќе од 100.000 луѓе ќе се соберат на свадбата помеѓу принцот Хари и Меган Маркл, британската полиција секој од нив ќе го третира како потенцијален терорист, или како личност која кралското семејство ја доживува како опсесивна.

 

Помеѓу мерките кои ќе бидат преземени се и бариери за спречување на напади со автомобили, вооружени патроли и безбедност каква што се спроведува на аеродромите.

„Тоа е вистински предизвик“, изјави Боб Бродхерст, поранешен полицаец, кој беше задолжен за безбедноста на свадбата меѓу постариот брат на Хари и Кејт.

„Невозможно е да бидат претресени над десетици илјади луѓе, кои сакаат да бидат на улиците, кој било може да биде потенцијален терорист“, изјави тој.

Хари и Меган ќе се венчаат на 19 мај во замокот Виндзор, околу 30 километри западно од Лондон.

Во следните недели и месеци локалните бизнисмени и посетители можат да очекуваат зголемено полициско присуство, вооружени и невооружени полицајци, полициски кучиња и така натаму.

Посетителите кои на тој ден ќе дојдат со автомобили можат да очекуваат и проверки, а било кој предмет кој би можел да претставува ризик ќе биде одземен.

Треба да знаете
Последни објави