Search

Главна вест во Турција: Емина и Мустафа се разведуваат

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се во брак од 2008 година, меѓутоа тие се запознале неколку години пред да го изговорат судбоносното „да“. Имаат два сина, Јамен и Јавуз. Токму поради својот славен сопруг и Емина станала ѕвезда во Турција.

Медиумите се тркаат кој прв да пренесе вест за ова семејство, а најновата за нив е дека овој славен пар се разведува.

Парот наводно има проблеми во бракот и долго време не се појавуваат заедно.

Како што пренесуваат медиумите, честите расправии  довеле до тоа да почнат да размислуваат за развод.

Меѓутоа, Емина и Мустафа пред неколку дена се појавиле на отворање на еден шопинг центар, а Мустафа тогаш рекол:

– Имаме 14 години сојуз, така да има секакви вести. Кога би рекол дека немаме расправии во бракот би лажел. Меѓутоа, сега е се во ред, рекол Мустафа додека Емина ја покажала својата љубоморна страна.

– Не постои таква работа. Јас сум желна да анализирам кога и каде и да се појави, додала таа.

530311-kraj-emina-jahovikj-i-mustafa-sandal-se-razveduvaat.jpg

Треба да знаете
Последни објави