Search

Ганиу победи на изборите во Чаир

Висар Ганиу од ДУИ е новиот градоначалник на општина Чаир по денешното прегласување на едно гласачко место.

На денешното гласање излегле 272 гласачи, а Ганиу освои 169 гласови, додека неговиот противкандидат Зеќирија Ибрахими од Движењето БЕСА имаше 98 гласови. Со тоа Ганиу има вкупно 13.987 гласови, односно 346 повеќе од неговиот конкурент.

Претходно на прес-конференција, Ибрахими го призна поразот и кажа дека станува збор за украдена победа на Ганиу.

Треба да знаете
Последни објави