Search

Физички нападнат социјален работник во гостиварскиот центар

Физички нападнат социјален работник во гостиварскиот центар

Социјален работник од гостиварскиот центар за социјални работи, вчера бил физички нападнат на работното место од жител на селото Леуново.

Според СВР Тетово, нападот се случил вчера околу 11 часот кога Р.Т. (61) додека се движел низ ходникот на центарот му се доближил Д.Ѓ. (19) од Леуново, почнал да му вика, да му се заканува и потоа физички го нападнал, удирајќи го со тупаници по грбот и телото. Набрзо се вмешале други вработени во Центарот и го спречиле Д.Ѓ. да продолжи со нападот, по што лишен е од слобода за расчистување на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок.

Напаѓачот и претходно е пријавуван за насилно однесување, а против него како малолетник се поднесени повеќе пријави во изминатиот период

Треба да знаете
Последни објави