Search

Филип Петровски се приклучи на Фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Филип Петровски се приклучи на Фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Филип Петровски се приклучува на демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија ќе излезе со прес-конференција, на која ќе објават информации за проширувањето на фронтот за спас на партијата.

Во изјава за „Фокус“, Петровски ги повикува сите кои се заинтересирани да се приклучат во Фракцијата, со цел да се демократизира ВМРО-ДПМНЕ.

– Јас сум прв реформатор во ВМРО-ДПМНЕ, од 2006 до 2012 бев опозиција и барав цело време да се демократизира. Невозможно беше е од внатре во тоа време, ќе видиме дали е сега. Се уште владее режим внатре и железен статут железен кој не ги ферма членовите. Мислам дека треба да поттикнеме што повеќе членови вака да размислуваат, да не дозволиме повеќе фароини и престонаследници – вели Петровски за „Фокус“.

Фракцијата е составена од ФРОДЕМ и Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави