Search

Два земјотреси утрово во Македонија

Два земјотреси утрово во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 2.2.2018 година регистрирше два почувствувани земјотреса.

Првиот во 2 часот и 26 минути кој потекнува од охридското епицентрално подрачје со епицентар на 10 километри источно од Охрид со Рихтерова магнитуда 2.1 а беше почувствуван од населението во Охрид и неговата непосредна околина со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала.

Вториот во 8 часот и 3 минути кој потекнува од скопското епицентрално подрачје со епицентар на само неколку километри источно од централното градско подрачје и Рихтерова магнитудаод 2.4 а беше почувствуван од населението во Скопје и околина со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала.

 

Треба да знаете
Последни објави