Search

Дојде Мијалков, во Кривичен снема струја

Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков денес точно во 13 часот дојде во Основниот суд Скопје 1 да се пријави на шалтер како обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“.

Кратко откако обвинетиот Мијалков влезе во судскиот ходник, Кривичниот суд остана без електрична енергија. Иако надвор беше ден, поради маглата и тмурното време, додека траеше прекинот на струјата, просториите во судот, како и ходникот каде се наоѓаат шалтерите за пријавување, беа доста темни.

Откако Мијалков се пријави, излезе и го напушти судот. Без електрична енергија судот беше десетина минути.

Сашо Мијалков со Решението на судот е задолжен секој работен четврток да се пријавува на судскиот шалтер, а одземена му е и патната исправа.

Откако судот ги прифати обвиненијата на СЈО, Мијалков ќе седне на обвинителна клупа за  предметите „Трезор“за проневера на државни пари за набавка на софтвер од странство за потребите на Петтата управа во МВР и за случајот „Титаник 2″ за изборните нерегуларности . 

Треба да знаете
Последни објави