December 10, 2018 23:22
Филм

Доделување на наградите за снимање краток филм со мобилен телефон

Во Кинотеката на Македонија вечер во 20 часот ќе се одржи финалната вечер на Фестивалот за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“, кој го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и медиа“ од Битола.

Ќе бидат прикажани победничките филмови што се пријавија на повикот за учество на фестивалот за снимање краток филм со мобилен телефон. Повикот беше отворен од јули, а пристигнати се дваесетина филмови од македонски и 500-ина филмови од автори од светот. Најдобриот филм што ќе го избере четиричлено жири ќе ја добие наградата „Ратка Илиева – Лале“, а таа ќе се состои од стипендија од Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје ЕСРА во износ од 3.000 евра. Годинашниот „Мобил фестивал“ се одржува под слоганот „Сите се мобилни“.

Ќе бидат доделени и награди за: оригинална идеја, најиновативен филм, приказна и награда за најдобар филм во домашната програма „Млади таленти“.

На фестивалот ќе бидат прикажани и видеа од работилниците одржани во рамките на „Мобил фестивал“, а кои се реализираа во соработка со гимназијата „Никола Карев“ и СОС Детско село. Најсреќните десетмина во публиката ќе добијат награда, бесплатни билети за филм од репертоарот на киното „Милениум“, а за публиката ќе има и други награди и изненадувања.

Во рамките на фестивалот, неделава во Кинотеката на Македонија беа прикажани два играни филма. Станува збор за бугарскиот хит „Слава“ и за чилеанскиот драма-трилер „Хесус“, кој раскажува за генерациската разлика и неморалниот живот на тинејџерите и филмот е во официјална конкуренција на фестивалите во Сан Себастијан, Торонто и др. Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и Град Скопје.

Related posts

Славниот актер боледува од рак, храбро се бори против смртта

24news

Почина популарната актерка која носеше насмевки и радост на многумина

24news

Почина познатиот актер кој јавно призна дека е геј

24news