Search

Депресијата може да предизвика проблеми со помнењето

Лицата кои боледуваат од депресија можат да имаат проблеми со разликување на слични спомени, покажува ново истражување.

 

Депресијата може да предизвика бројни проблеми, вклучувајќи недостаток на сон и високо ниво на стрес.

Научници од Универзитетот Биргам Јанг во Јута одлучиле да откријат дали постои врска меѓу депресија и проблеми со помнењето.

Проблем со помнење и мешање на спомени се создава кај личност која не е во состојба да прифати нова информација, поради претходни мисли или спомени.

Професорите Доналд Шелтон и Брок Кирван направиле тестирање на повеќе од 98 возрасни личности.

Учесниците, пополнувајќи прашалник, морале да оценат, покрај бројните аспекти на својот живот, и нивото на анксиозност и депресија. Тие го забележувале и квалитетот на сон, како и тоа колку вежбаат.

Научниците забележале дека депресивните лица имаат полоши резултати на другите тестови.

На нив на екран и биле презентирани познати и непознати предмети. Лицата кои страдале од депресија имале проблеми да разликуваат слични објекти, пишува „Independent“.

Експерти пренесуваат дека е важно да се нагласи дека тие лица не страдаат од амнезија, туку веројатно станува збор за недостаток на дел од меморијата, што се јавува како резултат на лошото ментално здравје.

Научниците се надеваат дека резултатите од ова истражување ќе помогнат во пронаоѓање на подобра терапија за лицата кои страдаат од депресија.

Треба да знаете
Последни објави