Search

Дане Илиев: Мерцедесот не смее да се продава бидејќи е дел од судска истрага

Дане Илиев: Мерцедесот не смее да се продава бидејќи е дел од судска истрага

Поранешниот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев смета дека Владата не смее да го продава Мерцедецот бидејќи е дел од предмет на сторено кривично за коe се води истрага.

„Мерцедесот би требало со судската одлука привремено да биде одземен до крајот на завршување на постапката, а потоа Судот треба да одлучи што понатаму со возилото, дали ќе го довери на некој Орган или ќе го продава и итн. Продавањето на автомобилот визави истиот предмет не е допуштено. До правосилноста на пресудата Мерцедесот кое дел до истрага на СЈО е во надлежност на Судот и не може да се оттуѓува. Се чудам како никој во Владата не знае дека не може да се продава предмет (Мерцедесот) кој е дел истрага“- вели поранешениот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев во изјава за Фактор.

Директорот на службата за општи и заеднички работи при Владата на Република, Пеце Мирчески денеска соопшти дека во Владата донеле одлука за продажба на патничко моторно возило Mercedes-benz S 600, сопственост на Службата.

Според него, целокупната постапка се води согласно одредбите од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост. Врз основа на направената процена, од страна на Министерството за правда – Биро за судски вештачења – Скопје, проценетата вредност на возилото, што воедно ќе биде и почетна цена најавното наддавање, изнесува 14.372.208,00 денари.

Треба да знаете
Последни објави