Search

Четири лица повредени во одделни напади од кучиња во Скопје

Четири лица повредени во одделни напади од кучиња во Скопје

Четири лица пријавиле напад од кучиња во текот на вчерашниот ден.

Триесет и четиригодишна жена од Центар пријавила каснување од куче скитник во пределот на левата нога на булеварот ВМРО. Уште две кучиња скитници каснале човек на плоштадот Македонија, а во Полициската станица Центар бил пријавен и напад од глутница кучиња скитници на улицата Максим Горки. Последниот случај во текот на вчерашниот ден се однесува на напад од глутница кучиња на булеварот Илинден, при што маж пријавил дека бил каснат за десната потколеница.

Треба да знаете
Последни објави