Search

Целосно ќе се реконструира патот од с.Кучково до крстот во Ѓорче Петров

Целосно ќе се реконструира патот од с.Кучково до крстот во Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски денеска изврши увид во градежните работи на патот од село Кучково до манастирот Св.Ѓоргија, и дел кон крстот, каде веќе е почната целосна реконструкција на постоечкиот пат, со што ќе се подобри сообраќајната комуникација и значително ќе се придонесе во безбедноста на жителите на Ѓорче Петров, но и сите кои транзитираат по тој пат.

Станува збор за реконструкција на пат во должина од 2.130 метри и ширина од три метри. Ќе бидат поставени и нови банкини на двете страни од патот. Средствата за овој проект за општински рурални инвестиции се обезбедени од ИПА гранд програма доделена на општината во вредност од 7 милиони и 300 илјади денари. Европската унија учествува со 75 проценти од средствата, додека останатите 25 отсто се од национално учество на Владата на Република Македонија.

29939543_10214765942878688_350893769_n.jpg

Треба да знаете
Последни објави