Фудбал

Блажевски спаси бод за Вардар, Шкендија го декласира Пелистер

Актуелниот шампион на Македонија Вардар во последните секунди се спаси од пораз против Шкупи, во натпревар од 27.коло, во домашниот шампионат. За разлика од Вардар, Шкендија не му даде ниту грам надеж на Пелистер. Лидерот среде Битола славеше со 6:0.

На „Филип Втори“ арената во Скопје екипата на Шкупи против Вардар стигна до предност во 32.минута со голот на Имери. Резултатот беше активен се до 93.минута кога Блажевски постигна гол и го спаси шампионот од пораз.

Во второто скопско дерби Работнички како гостин славеше минимална победа над Скопје 1:0. Единствениот гол го постигна Велинов во 81.минута.

Лукас со двата гола и донесе победа на Ренова над Победа. Голот за Прилепчани го постигна Даноски.

Лидерот на табелата Шкендија, во најава на финалето на Купот, во Битола го декласира Пелистер со 6:0. Бојку, Фазлагиќ, Бејтулаи, Жуниор, Алими и Радески ги постигнаа головите.

Дуелот во Кратово помеѓу Силекс и Академија Пандев заврши без голови.

На табелата води Шкендија со 69 бода, 20 повеќе од Вардар, Силекс има 41, Работнички 35, Академија Пандев 32, Ренова 31, во долниот дел на табелата се Шкупи со 30, Победа со 25, односно Пелистер и Скопје со по 24 бода.

Related posts

Роналдо: Признавам, бев малку нервозен

24info

Заминувањето од Јуве не му е тешко,Маркизио ќе заработува астрономска плата во Зенит

24info

Доколку неговиот внук заигра за Англија ќе добие значителна сума

24info