Search

Без струја делови од Сопиште, Аеродром, Центар и Чаир

Без струја делови од Сопиште, Аеродром, Центар и Чаир

„ЕВН Македонија“ АД информира дека е добиено известување дека поради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа денеска без електрична енергија ќе останат во периодот од 9 до 12 часот корисниците од улицата 12 во село Горно Соње (Општина Сопиште). Во периодот од 8 до 9:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот Јане Сандански број 12 (Општина Аеродром), во периодот од 8:30 до 10 часот корисниците од улицата Ленинградска, високите броеви кај поликлиника на МВР (Општина Центар), а во периодот од 8:30 до 15 часот струја нема да имаат корисниците од дел од улицата Македонско Косовска Бригада, како и приватната трафостаница ТС„Идадија инженеринг“ (Општина Чаир).

Треба да знаете
Последни објави