Search

Без струја делови на Батинци, Градски парк, Кисела Вода, Аеродром

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека денеска заради закажани технички зафати без електрична енергија ќе останат делови на повеќе скопски општини.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од с. Батинци ул. 1, 6, 7 (Општина Студеничани)

Во периодот од 07:00 до 15:30 часот корисниците од дел од објектите од градскиот парк. (Општина Центар).

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот корисниците од дел од ул. Народни Херои, дел од ул. Ѓорги Димитров. (Општина Кисела Вода).

Во периодот од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од ул. Бутелски венец, дел од ул. Шуто Оризари, дел од ул. Пелагонија, дел од ул. Злетовка како и дел од ул. Брсјачка Буна. (Општина Шуто Оризари).

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот корисниците од бул. Трета Македонска Бригада: објектите до Американ Колеџ, објектите на Американ Колеџ, објектите на МИТ Универзитет како и околината. (Општина Аеродром).

Треба да знаете
Последни објави