Search

Без Перо Антиќ, Звезда настрада во Малага

Црвена звезда го доживеа четвртиот пораз во Евролигата, во последниот натревар од 6. коло, на гости кај Уникаха.

Црвено-белите ја немаа помошта од Перо Антиќ на овој натпревар, бидејќи тој остана во Белград да ја негува повредата на ногата, но прашање дали и тој ќе променеше нешто, бидејќи Уникаха беше надмоќна, на крај со 79-65.

Предноста на Шпанците уште во првиот период стана двоцифрена (22-12) и само во неколку минути од третиот, падна под десет, најмалку на шест поени. Звезда немаше адут со кој ќе го изненади својот домаќин, шутираше очајно за три (6/24) и несфатливо слабо од линијата за слободни фрлања (5/14), па очекувано беше надиграна.

По 10 поени постигнаа Рочести, Лесорт и Фелдејн, а најефикасен беше Недовиќ, од Уникаха. На останатите три меча оваа вечер, европскиот првак Фенербахче славеше со 80-57 кај Бросе баскет, Химки ја совлада Бсконија со 91-90, а грчкото дерби меѓу Олимпијакос и Панатинаикос го доби Пао, со 70-62, како гостин.

По шест комплетни кола, водат ЦСКА и Химки со по пет победи и само еден пораз, зад нив е Реал Мадрид со скор 4-2.

Треба да знаете
Последни објави