Search

Бесплатен паркинг и бесплатни автобуси до Средно Водно за викенди и празници

Oдлуката за утврдување краткорочни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух на подрачјето на град Скопје беше главната одлука којашто ја донесе Советот на Град Скопје на втората седница.

Со оваа одлука се воведува бесплатен превоз на патници на автобуска линија број 25 (Транспортен Центар – Средно Водно), а се воведуваат и бесплатни пробни линии 25 А (Ауто Македонија – Средно Водно) и 25Б (Цветен Пазар – Средно Водно) за време на викенд (сабота и недела) и државен празник.

Истовремено, со оваа одлука се предвидува и бесплатно паркирање во катната гаража „Македонска фаланга” и паркингот „Дом на печат” за граѓаните кои имаат намера да ја посетат парк-шумата Водно движејќи се пеш или користејќи го бесплатниот превоз на автобуска линија бр.25, како и за пробните линии бр.25А и 25Б за време на викенд (сабота и недела) и на државен празник.

 

Покрај оваа одлука, Советот на Град Скопје ги усвои и следните одлуки: Верификација на мандат на член на Советот на Град Скопје; Oдлуки за формирање на комисии на Советот на Град Скопје; Одлука за формирање Комисија за еднакви можности на жените и мажите; Извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2017 година, за периодот од 01.01. до 30.09.2017 година; Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Град Скопје за 2017 година; Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објект Државни институции-Јавна администрација и Факултет за драмски уметности; Одлука за давање согласност за преземање на вработени; Одлука за давање согласност на Програмата за повластено користење паркинг услуга на јавните паркиралишта и на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП Градски паркинг-Скопје од лица со посебни потреби за 2018 година; Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Програмата за дополнителни активности на ЈП Комунална хигиена – Скопје во делот на јавната чистота на подрачјето на Град Скопје за период од 01.04. до 31.12.2017 година; Одлука за утврдување на надоместок на трошоците за избори на организаторите на изборната кампања за членови на Советот на Град Скопје и градоначалник на Град Скопје, како и одлуката за формирање на градскиот штаб за заштита и спасување на Град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави