Search

Бенјамин Нетанјаху во болница на испитувања

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, е префрлен во болница поради медицински испитувања, соопштил неговиот портпарол.

„Премиерот има висока температура, треска и кашла“, додал портпаролот на 68-годишниот Нетанјаху.

Личниот доктор на Нетанјаху претпоставува дека тој не заздравил целосно од болеста пред две недели и затоа одлучил да го премести во болница, каде што ќе му бидат извршени испитувања, рекол портпаролот.

Нетанјаху заедно со неговата сопруга Сара пред неколку дена беа приведни во полиција на распит поради наводна вмешаност во корупциски скандал поврзан со телекомуникациски гигнат во земјата.

Треба да знаете
Последни објави