Search

Белгиски инвеститори во посета на Општина Крива Паланка

Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот Борјанчо Мицевски оствари средба со потенцијални белгиски инвеститори и лобисти.

 На состанокот, белгиските инвеститори изнесоа идеја и пројавија интерес за инвестирање во еден долгорочен проект, кој се однесува на изградба на економско-пристапни станови за млади брачни парови, а во насока на подобрување на начинот на домување на младите и нивно понатамошно задржување во локалните заедници.

Во почетениот период од нивниот проект, инвеститорите таргетираат пилот општини во кои градоначаниците имаат визија за брз економски раст и развој и  подобрување на условите за живот и работа на младата популација. За таа цел тие веќе оставриле средби со ресорните министерства, со претставници на Владата, а сега и со локалните челници, заради координација помеѓу централната и локалната власти, аво насока на испитување на евентуалните законски пречки во спроведување на ваков проект.

Градоначалникот Мицевски ја поздрави инцијативата за ваков вид на инвестициски проект. Во оваа прилика, градоначалникот изрази желба и упати покана за неколкудневна нивна посета на нашата општина. На тој начин потенцијалните инвеститори ќе имаат директна можност да се запознаат со ресурсите и можностите со кои  располага Општина Крива Паланка.

  • Секогаш ќе ја имате нашата поддршка, и јас како прв човек на општината ќе настојувам оваа соработка да се постави на здрави основи и во насока на подобрување и унапредување на можностите за побрз и поефикасен начин на реализација на инвестиции од ваков  тип. Оптишна Крива Паланка има извонредни природни услови, ресурси и можности за инвестиции и во сферата и на туризмот и угостителството, како и во други области, како што е спортот, младинскате иницијативи, културата и затоа ваквиот линк и соработка е особено битен како концепт, а придобивките се од пошироко значење, особено во насока на задржување на младата популација во локалните заедници – рече градоначалникот Мицевски.
Треба да знаете
Последни објави