Search

Apple 8-та ќе претстави 3 смартфони во стилот на iPhone X

Неодамна Минг-Чи Куо од KGI Securities прогнозира дека догодина Apple ќе пушти два смартфони со AMOLED дисплеи и изјави дека уредите ќе имаат челични рамки. 

Неодамна Минг-Чи Куо од KGI Securities прогнозира дека догодина Apple ќе пушти два смартфони со AMOLED дисплеи и изјави дека уредите ќе имаат челични рамки. Неколку дена подоцна, Куо обезбедува дополнителни информации кои откриваат повеќе за плановите на следната генерација паметни телефони на американска компанија.

Според него, во 2018 година Apple ќе пушти 3 нови модели и меѓу нив ќе се два телефон со 5,8 и 6,5-инчни OLED дисплеи и 6,1-инчен паметен телефон со LCD екран.

Се очекува и трите уреди да се опремени со „TrueDepth“ камери за препознавање на лицето и со дисплеи, кои покриваат поголем дел од предните панели. Информациите откриваат и дека моделот со 5,8-инчен екран ќе има пикселна густина од 458 ppi, уредот со 6,5-инчен дисплеј ќе предложи густина од 400 ppi, а третиот телефон ќе биде со пикселна густина меѓу 320 и 330 ppi. Последниот уред ќе биде најевтин и почетната цена во САД ќе биде помеѓу 649 и 749 долари. Останатите два модели ќе бидат позиционирани во сегментот со високи цени.

Главната разлика помеѓу OLED телефоните е поврзана со нивната големина и Apple ќе се обиде да ги задоволи различните потреби на потрошувачите во високата класата. Поевтиниот уред не само што ќе има дисплеј со помала резолуција, туку ќе има и поскромни хардверски можности.

Се очекува меѓу неговите главни привлечни црти да биде пријателскиот интерфејс, дисплеј без рамка и „TrueDepth“ камера по пониска цена.

Ако прогнозата се оствари, тогаш догодина Apple ќе предложи втора генерација на iPhone X, негова Plus верзија и поевтин модел со истиот дизајн.

 

Треба да знаете
Последни објави