Кошарка

Антиќ: Самите сме си виновни, сами мора да излеземе од ова

Перо Антиќ, трикратниот освојувач на Евролигата, верува дека Црвена звезда ќе успее да ја реализира главната цел за оваа сезона, а тоа е одбрана на титулата во АБА лигата. Титулата во регионалната лига е билет за настап во Евролигата и наредната сезона.

Од оваа перспектива Црвена звезда е далеку од таа цел, најпрвин ќе треба да ја добие мајсторката со Морнар, а доколку се пласира во финалето ќе и бидат потребни три победи против Будуќност или Цедевита.

Она што ги загрижува навивачите е новата серија на порази во која влезе „црвено-белиот“ тим. По убедливата победа над Морнар, во првиот полу-финален меч (91:63), Црвена звезда забележа два порази во Евролигата и еден во регионалната лига, од Морнар (88:84).

Антиќ беше еден од најдобрите играчи на Црвена звезда во Бар, но ниту тој со своето огромно искуство не успеа да ги закрпи сите дупки во одбраната.

„Тоа беше натпревар како секој друг. Знаеме каде грешевме, имаме време да ги исправиме грешките и да ја завршиме работата. Сигурно е дека сега нема да жалиме и да плачеме. Самите сме си виновни. Сами мора и да излеземе од оваа ситуација“, рекол Антиќ во интервју за „Спортски журнал“ и дополнил:

„Такви работи се случуваат, таков е спортот. Само треба да извлечеме поуки и да продолжиме понатаму. Не е мој стил да размислувам песимистички. Знаеме која е нашата цел и се движиме кон неа“.

Решавачкиот, трет натпревар во полу-финалната серија, Црвена звезда и Морнар ќе го одиграат на 2 април во Белград.

Related posts

Перо Антиќ се враќа во репрезентацијата, но под еден услов!

admin

Младинците на МЗТ Скопје ќе играат во АБА јуниор лигата

24news

Шести пораз за МЗТ Скопје во АБА лигата

24news