Search

Ангел со студен поглед: Била осомничена за монструозното убиство на цимерката која била избодена 47 пати, а денес го живее холивудскиот сон

Пред 10-тина години студентката од Англија, Мередит Керчер, била пронајдена мртва во стан во Перуџа. Била силувана, а со вештачењето било утврдено дека на нејзиното тело имало дури 47 убодни рани.

Скромната куќа окружена со природа во предградието на Перуџа и натаму привлекува љубопитни луѓе. Таму англиската студентка на размена, Мередит Керчер живеела со американската колешка Аманда Нокс. За убиството тогаш биле осомничени токму Аманда и нејзиното поранешно момче Рафаел Солесито. Два пати биле прогласени за виновни, и два пати ослободени од вина – последен пат во март 2015. година. 

Пред 10 години, ноќта меѓу 1. и 2. ноември, било пронајдено полуголото тело на британската студентка. Била силувана и заклана. Нокс во 2015. година по четири години минати во италијански затвор, правосилно била ослободена од обвинението за убиство. Нејзината 8-годишна правна битка привлекувала големо внимание во италијанските и светските медиуми.

За време на убиството, Керчер имала 21, а Нокс 20 години. Случајот и денес збунува многумина.

Како денес живее и што работи жената која многумина ја нарекле “Ангел со студен поголед”?

Аманда Нокс од 2011. година повторно живее во родниот Сиетл и е во врска со писателот Кристофер Робинсон.

Познато е дека работи како слободен новинар за “Westside Seatle”, каде по повод 10-годишнината од смртта на Мередит Керчер објавила статија со наслов “Тага за Мередит”. Во неа пишува за пријателката со која заедно живеела и за тоа дека и била “како постара сестра, пред да биде силувана и убиена”.

Работата како новинар не е единственото нешто што и носи заработувачка. Лондонски “Sun” пренесува дека е регистрирана во агенцијата “All American Speakers”. Преку нивниот сајт заинтересираните можат да резервираат нејзино гостување. Покрај познатите личности како Џесика Алба, Ештон Качер или Опра Винфри, агенцијата посредува и во организирање на настапи на претприемници и мотивациски тренери, но и луѓе со необични судбини.

Аманда Нокс на сајтот е претставена на следниот начин: “Аманда Нокс – озлогласена поради осуда и ослободување во случај со убиство во Италија”. Хонорар за еден настап изнесува меѓу 5.000 и 10.000 долари.

“Westside Seatle” пренесува дека направила договор со видео-платформата “Facebook Watch”, каде како водителка ќе интервјуира жени кои сметаат дека медиумите се неправедни кон нив. Планирано е да има пет епизоди.

Аманда вели дека и самата била жртва, бидејќи ја означиле како “вештерка”.

Треба да знаете
Последни објави