Search

Анестезиолог од КАРИЛ учествувал во породувањето на починатата родилка во Скопје

Анестезиолог од КАРИЛ учествувал во породувањето на починатата родилка во Скопје

Анестезиолог од КАРИЛ учествувал во породувањето со царски рез на родилката која почина во Санте плус во Скопје, дознава НОВА.

Најверојатно анестезиологот бил таму нелегално, а директорот на ТОАРУЦ, др. Илир Хасани рече дека тој не е информиран за неговиот ангажман таму и не потпишал  никаков договор со Санте Плус.

– „Не можел да има договор без да знам, а јас такво нешто не сум потпишал. Ќе покренеме се што е во наша надлежност за да се испита целиот сплет на околности кои довеле до смрт на родилката.“, изјави за НОВА др. Хасани.

За разлика од директорот, од Санте Плус тврдат спротивно, дека анестезиологот имал договор.

Санте Плус упорно тврдат дека родилката била однесена жива во КАРИЛ, а од КАРИЛ  се децидни дека таму е однесена почината. Овој случај ја разбранува јавноста.

 

Треба да знаете
Последни објави