Search

Босанец има 75 години и шета по снег во летна облека – луѓето го сметаат за луд, но тој возврати

Босанец има 75 години и шета по снег во летна облека – луѓето го сметаат за луд, но тој возврати

Иако Витез во Босна утрово се разбуди на 14 степени под нулата и под снег, тоа не го обесхабри 75-годишнот Блашко Андриќ како и секој друг ден да прошета по градот, што можеби и не би било толку чудно, доколку по ова студено време надвор не се шета по летна гардероба.

Луѓето кои го гледаат сметаат дека е психички нестабилен. Но, тој ги разуверил. Тој вели дека тоа е негов стил на живот и без оглед на ниските температури дневно поминува од 10 до 15 километри шетајќи во летна облека. Како што објаснува, имунитет на зима стекнал кога во една прилика препешачил 25 километри на температура од -31 степен. Кога стигнал дома се избањал со ладна вода и повеќе никогаш не почувствувал студ.

Треба да знаете
Последни објави