Search

6 природни начини како да го добиете ефектот на перфектно исправена коса

Оние што имаат природно права коса вечно се обидуваат да добијат совршени кадрици, а оние пак со виткана очајно се обидуваат да ја исправат.

Сепак, имајте на ум дека фенот како и пеглата дополнително ја уништуваат структурата на косата, а дел од оние хемиски процеси кои ви ветуваат совршено права коса преку ноќ се прилично штетни и сомнителни по здравјето.

Постојат неколку одлични природни начини како да го добиете ефектот на перфектно рамна и мазна коса кои може да ги испробате уште денес:

Имајте ги трите основни алатки за почеток

 

Веќе претпоставувате – квалитетен шампон и регенератор или маска за оние со погуста коса.

Најдобро е шампонот да содржи кератин во својот состав, бидејќи тој го „пополнува“ влакното, ја прави косата поцврста, поздрава и посјајна, ѝ дава волумен и поради тежината која ѝ ја додава на косата ја „влече“ надолу, со што придонесува за нејзино исправено држење.

Внимавајте продуктите за коса да содржат состојки кои го спречуваат нејзиното наелектризирање и разлетување.

По миењето на косата замотајте ја, но не премногу цврсто во пешкир кој добро ја апсорбира влагата. Можете да испробате пешкир од бамбус, бидејќи тој воедно има и антибактериски својства.

Немојте премногу да ја сушите косата со пешкирот или да ја тегнете и влечете претерано. Тоа ќе предизвика кршење и виткање на влакната. Доволно е само нежно да го исцедите вишокот вода од неа.

6-prirodni-nacini-kako-da-go-dobiete-efektot-na-perfektno-ispravena-kosa (1).jpg

Одберете соодветен чешел

Ви се случило во брзање да посегнете по четкате за фенирање или чешел со премногу ситни запци и да се обидете да ја исчешлате косата? Не повторувајте ја оваа грешка.

Одберете специјален чешел за нежно отплеткување на косата или дрвена четка со широки запци.

6-prirodni-nacini-kako-da-go-dobiete-efektot-na-perfektno-ispravena-kosa (2).jpg

Чешлајте ја косата на секои 5 минути

Секако, ова не треба да трае половина ден. Косата може лесно да ја исправите и со природно чешлање. Откако добро сте ја исчешлале по миењето, оставете ја природно да се исуши, но повторувајте го процесот на чешлање на секои 5 минути, делејќи ја косата на посебни делови.

Повторете го ова 2-3 пати, бидејќи на тој начин косата ќе ја памети формата која ѝ ја давате.

Доколку мора да употребите фен за сушење, наместете го на поладен воздух, односно пониска температура.

6-prirodni-nacini-kako-da-go-dobiete-efektot-na-perfektno-ispravena-kosa (3).jpg

Испробајте ја тајната на латиноамериканските жени

Во Латинска Америка тајната на исправување на косата се нарекува „Тога“. Со цел да ја скротат немирната коса, откако ќе ја измијат, жените ја сушат косата со фен на ладен воздух, но никогаш не сушејќи ја целосно докрај.

Потоа, ја замотуваат внимателно околу главата прицврстувајќи ја со тенки шноли. По преспивањето, се будат со совршено рамна и сјајна коса.

6-prirodni-nacini-kako-da-go-dobiete-efektot-na-perfektno-ispravena-kosa (4).jpg

Користете производи за исправување на косата

Нанесете крем или серум за исправување на косата на чиста и мокра коса и добро втријте го. Состојките во овие производи ќе придонесат за полесно исправување на косата.

Овие производи воедно ја штитат косата од ултравиолетовите зраци и прекумерната топлина. Единствената лоша страна кај овие производи е тоа што се хемиски некомпатибилни со фарбите за коса, и на некој начин го „блокираат“ навлегувањето на бојата во косата, па ефектот од фарбањето може да биде незадоволувачки.

Што се однесува до спрејовите за исправување на косата, може да се нанесуваат како на мокра, така и на сува коса. Сепак, лошата страна е тоа што поголемиот дел од нив содржат силикон и различни додатоци кои се акумулираат во косата и ја уништуваат.

Силиконот пак формира навидум заштитен филм на надворешниот дел од влакното, но на никаков начин не ја храни одвнатре.

6-prirodni-nacini-kako-da-go-dobiete-efektot-na-perfektno-ispravena-kosa (5).jpg

Кана за исправена коса

Ова е уште еден одличен природен начин за полесно исправување на косата. Каната е природна, ја згуснува косата, а конечниот резултат од нејзината употреба е тоа што ја прави потешка и не дозволува лесно да се витка.

Каната воедно го спречува процесот на пукање на влакното и ќе ве ослободи од првутот.

6-prirodni-nacini-kako-da-go-dobiete-efektot-na-perfektno-ispravena-kosa (6).jpg

 

Треба да знаете
Последни објави