Search

36-годишен маж се самозадоволувал пред девојки во Градски парк

Дваесет и четиригодишна девојка од Скопје пријавила дека синоќа во Градскиот парк, додека била во друштво со своја пријателка, забележале машко лице коешто во нивна непосредна близина вршело полови дејствија, односно се самозадоволувало.

„По пријавувањето на настанот полициски службеници го затекнале лицето на место на настанот. Се работи за З.Ш. (36) од Скопје, тој бил лишен од слобада и приведен во полициска станица. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави