Search

Шилегов и подари на Теодора штедна книшка со 20.000 денари

Шилегов и подари на Теодора штедна книшка со 20.000 денари

Градоначалникот Петре Шилегов, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска во ЈЗУ „Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје“ го посетија првото бебе кое се роди во Новата 2018 година.

Првороденото бебе во Скопје во 2018 година е Теодора која се роди рано утрово, една минута по полноќ во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје. Женското бебе е 3,7 килограми, долго 49 сантиметри.

Мајката на бебето е Борјана Радевска и ова и е второ дете.

Градоначалникот Шилегов на мајката и семејството им честита за второто дете, посакувајќи и добро здравје и многу среќа. Тој на семејството подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци.

Шилегов ја искористи приликата да ја честита Новата 2018 година на граѓаните и им пожели добро здравје, среќа и успеси.

Треба да знаете
Последни објави