Search

Ѓоковиќ стана шампион на US Open

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои трофејот на Грен слемот во Њујорк. Тој ноќеска го победи Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со 3-0, по сетови 6:3, 7:6 и 6:3.

Со триумфот на мечот кој траеше 3 часа и 19 минути, Србинот по трет пат се искачи на тронот на US Open.

Воедно за Ѓоковиќ ова е 14-та Грен слем титула со што се изедначи со Пит Сампрас на вечната листа. Пред нив се Рафаел Надал со 17 и Роџер Федерер со 20 трофеи од четирите најголеми светски тениски турнири.

Наградниот фонд на US Open изнесуваше 53 милиони долари, од кои 3,8 се наменети за шампионот Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави