Search

Шестмина мигранти, меѓу кои и три деца, загинаа во сообраќајка во Грција

Најмалку шест лица загинале, меѓу кои и три деца, кога џип полн со мигранти денеска излетал од и удрил во карпа во близина на Кавала.

Во џипот имало 16 лица. Полицијата соопшти дека уште четири лица биле сериозно повредени и додаде дека причината за несреќата засега е непозната.

Не е позната ниту националноста и идентитетот на мигрантите кои биле баратели на азил.

Според официјалното соопштение, возилото доаѓало од североисточниот пограничен регион Еврос со Турција, што е главната точка за премн на мигрантите и бегалците кои се во потрага по подобар живот во Европа.

Треба да знаете
Последни објави