Search

Црвениот кромид е чувар на вашето срце

Иако може да предизвика проблем поради непријатниот мирис кој го создава, треба да знаете дека црвениот кромид е исклучително здрав за нас, а особено лековитo делува на нашето срце, како и на целиот кардиоваскуларен систем.

Докажано е дека неговите сулфурни соединенија може да ја намалат количината на холестерол и триглицериди и да ги зајакнат клеточните мембрани во црвените крвни зрнца. Поради тие карактеристики кромидот помага и во превенцијата од срцев удар.

Истражувањата покажаа дека кромидот ја подобрува и густината на коските, па поради тоа им се препорачува на жените во менопауза кои се соочуваат со загуба на густината на коските. Покрај тоа, го намалува и ризикот од скршеници.

Кромидот има и анти-воспалително дејство. Сулфурните молекули во него ја подобруваат активноста на специфичните бели крвни зрнца кои имаат важна улога во имунолошкиот систем. Кромидот содржи и антиоксиданти кои спречуваат оксидација на масните киселини во телото, па на тој начин воспаленијата ги држи под контрола.

Истражувањата покажаа дека кромидот го намалува и ризикот од неколку видови на рак, па дури и кога го конзумираме во мали количини.

Тој, исто така, ни помага уште на неколку начини, а некои од тие се…

– ја подобрува рамнотежата на шеќерот во крвта

– спречува бактериски инфекции

– содржи витамин Ц, А и Е, кои се одлични антиоксиданси.

Треба да знаете
Последни објави